Зачленување

 

Ви благодариме што покажавте интерес за Транспарентност Македонија.

За да испратите пријава, испратете електронска порака на нашата адреса: info@transparency-mk.org.mk, заедно со вашиот Curriculum Vitae.

Ве молиме да го прочитате следниов извадок од нашиот Статут, кој се однесува на условите за членство.

Услови за членство

Член 11

 

Член на Транспарентност може да биде секој граѓанин кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите, задачите, методите и вредностите наведени во овој Статут и кој ќе биде примен.
Зачленувањето се врши со пристапница.
Транспарентност води регистар на членови.
За прием во членство одлучува Собранието, по предлог на Управниот одбор.

Права и одговорности на членовите

Член 12

Членовите на Транспарентност имаат права и одговорности согласно со одредбите на овој Статут и позитивните законски одредби.
Членовите активно учествуваат во работата на Транспарентност, а посебно:

  • да плаќа членарина;
  • да бидат избирани во органите и да избираат.

Престанок на членство

Член 13

 

Членството во Транспарентност може да престане со:

  • истапување на членот кое се поднесува писмено;
  • исклучување, во случај на дејствување спротивно на Статутот.

Одлука за престанок на членство донесува Собранието, по предлог на Управниот одбор.

Погледнете ја листата на членови.