Следење на работата на ДКСК Прв квартален извештај јуни – август 2019
„Транспарентност Македонија“ (понатаму во текстот само ТМ), во соработка со „Институтот за човекови права“, го спроведува проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на Државната комисија за спречување на корупцијата“.
Проектот се реализира во периодот од јуни 2019 - март 2020 година и е поддржан од Амбасада на Велика Британија во Република Северна Македонија.
Првиот квартален извештај се однесува на работата на Државна комисија за спречување на корупција, за периодот јуни - август 2019 година и произлегува од претходно подговена и одобрена, нова методологија и индикатори за следење на работата на ДКСК.