ПОВИК за менторска поддршка како и финансирање на активностите на ГО

ПОВИК

за менторска поддршка како и финансирање на активностите на граѓански организации во рамки на проектот „Градење капацитети за транспарентност на грас рут организациите - Транс рут (Trans Root)“ финансиран од Цивика мобилитас

 

Транспарентност Македонија (ТМ) во рамките на проектот Градење капацитети за транспарентност на грас рут организациите - Транс рут (Trans Root)“, финансиран  од Цивика мобилитас објавува повик за менторска поддршка и финансирање на активности на граѓански организации (ГО) за акции поврзани со практикување на релевантни алатки и вештини, како и подобрена нивна вклученост во општествени промени, преку делување во областите буџетска ефикасност, транспарентност и анти-корупција на локално ниво.  Предвидено е да се поддржат  четири (4) граѓански организации , по една во секој од следните плански региони : скопски, североисточен, пелагониски и полошки регион. Финансирањето на активностите ќе биде во износ до 50.000 денари по организација, додека менторската поддршка ќе се состои од идентификување на  потребите и да ја снабдат менторираната ГО и со теориски знаење од областа во која се реализира менторската акција, со емпириски податоци на некоја определена област земена општо и поконкретно за Македонија и, доколку постојат, за самата општина; да помогнат со теорискиот пристап, со практично искуство и со примери за добри практики во регионот и во земјата.

Целиот повик како и документите поврзани со овој повик може да ги превземете на следните линкови:

 

Повик за финансирање на активности на ГО

Образец за пријавување

Образец за финансиска поддршка