Соопштение по повод ангажирањето на фирмите од САД од ВМРО ДПМНЕ за лобирање

Транспарентност Македонија (ТМ) од 2011 г. ја следи и анализира „сивата зона“ на финансирањето на политичките партии во Република Македонија. Се обидуваме да дадеме оценка за финансирањето на изборните кампањи, за законското потекло на средствата за финансирање и за нивното наменско трошење. Врз основа на тоа укажуваме на слабостите и потребата од доуредување на законската регулатива, но и на гонење на оние кои го кршат законот.
Од објавените копии од договорите, во изминатите недели стана јасно дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ангажирала неколку американски компании за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД. Согласно договорите, вкупните суми кои до сега се објавени изнесуваат околу 1,7 милиони долари, што, за македонски услови, претставуваат шокантни финансиски износи со кои, очигледно, располага оваа партија.

Соопштение