"Ревизија" на Скопје 2014
Следејќи ја прес конференцијата на експертскиот тим ангажиран од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, би сакале да го истакнеме следново: Андреј Жерновски во својата изборна програма на страна 27 ветува „стручна финансиска ревизија". Наместо тоа денес добивме извештај на комисија за утврдување на фактичката состојба од двајца правници кои не се компетентни да извршуваат стручна финансиска ревизија.