Приватно обезбедување или параполиција?

Со предложениот закон за приватно обезбедување МВР наводно сака да воспостави ред и европски стандарди во оваа сè позначајна сфера. За жал, во изработката на Предлог-законот, Министерството за внатрешни работи (МВР) како заинтересирани страни ги препозна само приватните агенции за обезбедување и државните органи, а не и невладините организации за заштита на човековите права и правните експерти кои се бават со оваа област (во што не спаѓаат од Владата ангажираните експерти кои учествуваат во обуките и испитите за лиценци на приватните обезбедувачи, кои со тоа се наоѓаат во состојба на судир на интереси), иако со предлог-законскиот текст на агенциите за обезбедување им се даваат овластувања за користење на најсериозните полициски овластувања.

Mislenje za Predlog Zakonot za privatno obezbeduvanje (pdf)