Случај Фершпед
Во однос на АД Фершпед Скопје, неговото настанување, делување и приватизација постојат многу вистини, точни и делумно точни но самиот факт што се многу го докажува тврдењето дека отсуствува правата вистина која може да биде само една.
Надлежните државни органи на Република Македонија потрошија доволно време да ја утврдат правата вистина при што ефектот по правило изостануваше. Причините за ваквото хаотично однесување и постапување од страна на институциите на системот најмалку треба да се бараат во самите органи. Нивната во најголем дел несоработка и во ретки случаи соработка во основа се должи на тоа што таканаречениот предмет Фершпед е константно доволно жежок да ги изгори во секој момент лицата кој на било кој начин го отвараат прашањето на неговата приватизација вклучително и лица кој се наоѓаат на високи јавни функции.